Дома Македонски спорт Давид Тошевски го напушта Горник од Полска, продолжува во Словачка

Давид Тошевски го напушта Горник од Полска, продолжува во Словачка

Mакедонскиот фудбалер Давид Тошевски ја заврши епизодата во Полска каде што беше на позајмица во тимот на Горник Забже.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот напаѓач играше на позајмица во полскиот клуб од руски Ростов, но не успеа да стигне до редовна минутажа. Двете страни се договорија за раскинување на договорот за позајмица и тој кариерата ќе ја продолжи во Словачка.

Новиот клуб на Тошевски ќе биде Михаловце. Така Тошевски ќе биде уште еден Македонец во Фортуна лигата каде што веќе има неколоку наши интернационалци. И со овој тим Тошевски се договори за позајмица до месец декември 2022 година.

Од заминувањето од Работнички Тошевски покрај Горник настапуваше за Ростов и Тамбов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …