Еден од најконтроверзните фудбалери, фудбалерот кој го носи прекарот „лошото момче на францускиот фудбал“ би можел да направи трансфер во шпанската Примера.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Хатем Бен Арфа се наоѓа во преговори со Севиља, пренесува „Мундо Депортиво“.
Шпанскиот весник наведува дека спортскиот директор на клубот од Андалузија, Хоакин Капарос е сериозно заинтересиран за офанзивниот играч за врска, но тренерот Пабло Мекин не е премногу воодушевен.
Се наведува дека Французинот е спремен да игра и за помала плата, а покрај Севиља интерес за неговите услуги покажаа уште Виљареал и Валенсија.
Бен Арфа го привлече вниманието и на Бешикташ, Галатасарај, Динамо Киев, Фламенго и Тигре, но тој сака исклучиво во Примера.
Пари Сен Жермен без проблем ќе го пушти да замена бидејќи во изминатата сезона Бен Арфа не одигра ниту една минута за францускиот шампион.