Дома Фудбал Репрезентации Грчевски го објави списокот ракометарки за натпреварите со Шпанија

Грчевски го објави списокот ракометарки за натпреварите со Шпанија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави скратениот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија во рамки на квалификациите за Европското првенство.

Сениорките прво ќе оддиграат натпревар на домашен терен во СЦ Борис Трајковски на 29.02 во 18:00 часот , а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланзароте. Натпреварот ќе се оддигра на 03.03 во 17:00 часот.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Досега во квалификациите нашата сениорска женска репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.

Европското првенство во 2024 ќе се оддржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија во период од 28 ноември до 15 декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Каталонците најавуваат: Можен голем пресврт во Барселона!

Шпанските медиуми утрово пренесуваат за можен пресврт во ситуацијата со клупата на Барсело…