Дома Фудбал Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Грузија поведе, но потоа Шпанија покажа класа🎥

Репрезентацијата на Шпанија според очекувањата ја победи Грузија со 4:1 и се пласира во четвртфиналето на ЕП.

Грузија поведе во 18. минута со автоголот на Ле Норманд, но потоа „црвената фурија“ доминираше во сите сегменти од играта.

Шпанија израмни да крајот на полувремето со голот на Родри, а во вториот дел создаде многу шанси.

Фабијан Руиз во 51-та минута погоди за пресврт, Нико Вилијамс зголеми на 3-1 по една соло акција во 75-та минута, а точка на убедливиот триумф стави Дани Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед без ново привремено решение? Карик пред важен тест со Вила

Победата над Рома му донесе здив на Мајкл Карик, но не ги отстрани дилемите на управата. А…