Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Грилиш се огласи: Сакав да шутирам, но одлуката на селекторот беше поинаква

Грилиш се огласи: Сакав да шутирам, но одлуката на селекторот беше поинаква

Главна тема денес во фудбалската јавност е вчерашното финале на Европското првенство, а посебно е така во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англичаните беа поразени во пенал рулетот, а многу се коментира одлуката 19 годишниот Сака да го изведе клучниот пенал пред неговите поискусни соиграчи.

Рој Кин директно ги посочи Грилиш и Стерлинг.

„Ако си Стерлинг или Грилиш не можеш да стоиш тука и да гледаш како дете изведува клучен пенал пред тебе. Не можеш! Гајле ми е што другите ќе кажат, едноставно не можеш!“, изјави Кин.

По овој негов коментар се огласи Грилиш кој тврди дека тој сакал да шутира, но одлуката на селекторот Саудегјт била поинаква.

„Не бегав од одговорност. Се пријавив да шутирам, но изборот на селекторот беше поинаков. За време на ова ЕП тој донесе добри одлуки и затоа сите му веруваме. Не сакам луѓето да зборуваат поинаку затоа што сакав да шутирам“, порача Грилиш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Светот беше згрозен од начинот на кој беше пречекана химната на Иран во Калифорнија (Видео)

Пред почетокот на натпреварот меѓу Иран и Нов Зеланд во првото коло на Светското првенство…