Дома Фудбал „Гризман не игра со радост во Барселона“

„Гризман не игра со радост во Барселона“

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман не игра со радост во тимот. Ова го изјави Ерик Олатс, кој го доведе Французинот во Реал Сосиедад коха имаше 13 години.

Гризман минатото лето пристигна во Барселона како големо засилување за 120 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Веќе се појавија информации дека Барса на лето ќе го стави на продажба Французинот, а Олатс кој добро го познава тврди дека не е среќен.

„Кога замина од Атлетико бев тажен поради полемиката која се создаде. Разбирам зошто тој сакаше да потпише за Барселона. Тоа е еден од најголемите клубови, а неговите блиски го убедуваа дека многу ќе му одговара стилот на игра на Каталонците“.

„Се гледа дека тој има проблеми и дека нема радост додека игра. Ме боли тоа бидејќи знам за што се е способен. Тој ништо не зборува, но се гледа дека не е среќен. Очекувам да се подобри бидејќи има само 28 години“, истакна Олатс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Томас Милер блиску до нов договор

Томас Милер е блиску до договор со Баерн Минхен за продолжување на соработката, пренесуваа…