Дома Фудбал Гризман веќе го договорија: Останува во Шпанија, благодарение на договорот кој НЕ се одбива?!

Гризман веќе го договорија: Останува во Шпанија, благодарение на договорот кој НЕ се одбива?!

Барселона смисли стратегија за следните два преодни рока, најпрво во јануари ќе се обиде да го донесе Филипе Кутињо од Ливерпул, во што не успеаа изминатото лето, а потоа по завршување на сезоната ќе се насочат кон ангажирање на францускиот репрезентативец, од редовите на „Јорганџиите“, Антоан Гризман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 26-годишен фудбалер со Атлетико се договори неговата откупна клаузула да изнесува 100 милиони евра, а Барселона е како што се наведува, подготвена да издвои толку за неговите услуги.

Во приказната и натаму е Манчестер Јунајтед, но бројни медиуми од Шпанија на пол позицијата за неговиот потпис го посочуваат токму клубот од Каталонија.

Доколку би се одлучил за Барселона, Гризман би заработувал, 20 милиони евра по сезона и би станал вториот најплатен играч на „Камп Ноу“ по Лео Меси, а тоа тешко би можело да се одбие.

Барселона како што се вели, веќе подготвила петгодишен договор, а за да обезбедат средства веќе договориле и неколку продавања.

Се очекува, Каталонија да ја напуштат, Андре Гомеш, Арда Туран, Вермален, Пако Алкасер, Рафиња и Маскерано, некои од нив веќе во јануари би ја напуштиле Барса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тухел пред натпреварот со Мексико доби прашање за – вијагра!

Селекторот на Англија, Томас Тухел, со насмевка се соочи со прашањето дали неговиот тим уп…