Дома Останати Кошарка НБА Грег Попович: Немам видено почудна повреда од онаа на Ленард

Грег Попович: Немам видено почудна повреда од онаа на Ленард

0

Легендарниот НБА тренер Грег Попович долги години е во кошарката, но вели дека нема видено почудна повреда од онаа на ѕвездата на неговиот тим, Кавај Ленард.

Еден од најдобрите тренери во историјата на НБА лигата, Грег Попович, призна дека ситуацијатво неговата екипа, поради повредите на Каваи Ленард и Тони Паркер, полека станува загрижувачка.

„Немам видено почудна повреда. Она што е најчудно е дека Тони Паркер ја имаше истата повреда, но неколку месеци подоцна. Тој дури беше и на операција, и засега Тони е поблиску до враќање на теренот отколку Ленард. Имаме двајца играчи кои страдаат од истата повреда, неверојатно“, изјави Грег Попович.

Двократниот освојувач на наградата „Одбранбен играч на годината“ во минатата сезона беше и еден од тројцата главни кандидати за освојување на МВП трофејот, но на крајот пресуден беше трипл-дабл просекот кој го оствари Расел Вестбрук и Ленард остана без престижното признание.

Коментари
loading...
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Спектакл на „Вембли“: Џошуа ќе боксува против Поветкин!

Човекот кој после неверојатната доминација на легендата Кличко успеа да го сруши со брутал…