Дома Топ вести Гранада со пресврт ја шокираше Барселона на „Ноу Камп“ 🎥

Гранада со пресврт ја шокираше Барселона на „Ноу Камп“ 🎥

Гранада вечерва ја изненади Барселона среде Каталонија.

Барселона е во борба за титулата во Ла Лига и овој резултат за Каталонците сигурно е крајно разочарувачки. Се започна добро за Барселона кога Меси во 23. минута погоди за водство. На полувреме домаќините заминаа и со предност од 1:0.

Проблемите за Барселона дојдоа во второто полувреме. Мачис после еден час изедначи на 1:1, а три минути подоцна тренерот Куман заработи црвен картон.

На 10 минути пред крајот Милина погодува за целосен пресврт и голема победа на Гранада. Овој резултат секако и тоа како оди во прилог на конкурентите за титулата на Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Неверојатен потег на Гави: Донира 1,3 милиони евра за својот роден град

Фудбалерот на Барселона, Гави, направи голем хуманитарен потег и донираше 1,3 милиони евра…