Дома Фудбал Го победи ракот, доби отказ од Севиља, а сега се враќа во Примера

Го победи ракот, доби отказ од Севиља, а сега се враќа во Примера

Аргентинскиот тренер Адуардо Берицо, кој неодамна ја доби битката за ракот, би можел повторно да се врати во Примера и тоа како тренер на Атлетик Билбао.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, баскискиот клуб бара нов тренер за да го замени Анхел Сиганда, а шпанските медиуми пренесуваат дека прв избор е токму Берицо.

Четириесет и осум годишниот стратег е без работа откако беше отпуштен од Севиља, откако се врати после операцијата и го победи ракот.

Друга опција за Атлетик е Томас Тухел, но тешко дека ќе го убедат гермнаскиот тренер кој има понуди од многу поголеми клубови.

„АС“ пренесува дека раководствот на Билбао веќе стапило во контакт со Берицо и се очекува во наредните денови да биде постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит сцена на Мундијалот: Му помагаше на противникот, а кога виде дека може да даде гол – го остави! (Видео)

На мечот од Мундијалот меѓу Уругвај и Зелено’ртските Острови кој заврши 2:2, но она …