Дома Трансфер зона Го платија 40 милиони, а заминува после само 6 месеци

Го платија 40 милиони, а заминува после само 6 месеци


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Хенрих Михтарјан ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед како големо засилување од Борусија Дортмунд, но медиумите пишуваат дека веќе во јануарскиот преоден рок би можел да го напушти „Олд Трафорд“.

Иако за неговиот потпис плати 40 милиони евра, сепак Мурињо нема голема доверба во Михтарјан и му дава мала минутажа од почетокот на сезоната.

„Сан“ утринава пренесува дека Михтарјан по шест месеци би можел да го напушти „Олд Трафорд“, и дека веќе во јануари би можел да ја промени средината.

Како што се наведува, тој им признал на челниците на клубот дека не е задоволен со својот статус во тимот и му пречи фактот што на само еден дуел од стартот на сезоната бил на списокот стартери.

Медиумите на Островот се сигурни дека нема долго да се чека на понуда за Мхитарјан, и дека големи европски гиганти ќе застанат во ред за овој фудбалер, а пред се како најзаинтересиран се наведува италијански Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Инзаги го сака Милинковиќ-Савиќ во Интер

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Се…