Како што пренесуваат италијанските и англиските медиуми повеќе нема дилеми, Емре Чан од следната сезона ќе настапува во дресот на Јувентус.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На Германецот му истекува договорот со Ливерпул на крајот на сезоната, ја одби понудата од Сити и во јануари ќе потпише преддоговор со италијанскиот гигнат.
Јувентус ќе се обиде да го донесе и во зимскиот преоден рок, но мали се шансите Ливерпул да ја прифати понудата, па Емре Чан готово сигурно следното лето ќе пристигне во Торино како слободен играч.
Договорот е вече постигнат, Емре Чан ќе потпише 4-годишен договор со „бјанконерите“ според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона.
Емре Чан би требало да биде замена за Кедира кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јувентус и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.