Дома Трансфер зона Готово: Ѕвездата на ПСЖ се сели во Јувентус!

Готово: Ѕвездата на ПСЖ се сели во Јувентус!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус постигнал договор со ПСЖ за трансфер на Блас Матуиди и играчот денес ќе пристигне во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Матуиди утре треба да ги помине лекарските прегледи, а потоа и официјално ќе биде претставен како нов играч на „старата дама“.

„Бјанконерите“ беа во потрага по квалитетен играч за врска, па ако се лецитираше со многу имиња, на крајот изборот падна на Матуиди.

Францускиот репрезентативец доаѓа во Јувентус за сума од 20 милиони евра и ќе потпише 4-годишен договор со „старата дама“.

30-годишниот француски репрезентативец беше симбол на ПСЖ изминатите години и одигра 295 натпревари за „светците“ на кои постигна 33 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…