Дома Трансфер зона Готово: Тевез прави трансфер кој ги руши сите рекорди!

Готово: Тевез прави трансфер кој ги руши сите рекорди!

Кинескиот клуб Шангај Шехуа е на само чекор од доведување на аргентинскиот напаѓач, Карло Тевез во трансфер кој ќе ги сруши сите рекорди.


Битка за Британија, Иран на САД - 10 ден ↓↓↓



Кина во последно време стана „ветена земја“ за фудбалерите каде заработуваат богатство, но договорот кој ќе го добие Карлос Тевез од Шангај Шехуа е незапамтен во фудбалот.

Имено, кинескиот клуб потврди дека недостасуваат само детали за да се комплетира трансферот, а Аргентинецот во Кина ќе заработува неверојатни 40 милиони евра по сезона.

„Вложивме голем труд и можам да кажам дека преговорите се во завршна фаза. Сепак, поради некои причини сеуште не можеме да го официјализираме овој трансфер. Наскоро ќе бидат познати сите детали. Наскоро на нашите навивачи ќе им соопштиме одлични вести“, потврди претседателот на клубот Ву Џијаји.

Тевез со овој трансфер ќе стане убедливо најплатениот фудбалер во светот и ќе заработувас скоро двојно повеќе од Меси и Кристиано Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи добива одлично засилување од 70 милиони евра?

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Челзи долго врем…