Дома Трансфер зона Готово: Првото засилување за Манчестер Јунајтед доаѓа од Порто

Готово: Првото засилување за Манчестер Јунајтед доаѓа од Порто

Манчестер Јунајтед е во напредни преговори со Порто за талентираниот дефанзивец Диого Далот, кој најверојатно ќе биде првото засилување за „црвените ѓаволи“ ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гигантот од „Олд Трафорд“ за 19-годишниот десен бек ќе плати 20 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула. „Би-Би-Си“ пренесува дека само прашање на време е кога ќе биде официјализиран трансферот.

Далот, кој е младински репрезентативец на Португалија, оваа сезона дебитираше за првиот тим на Порто. Тој важи за еден од најголемите таленти во Европа и со Португалија го освои ЕП за играчи до 17 години.

Идејата на Мурињо е Далот да биде замена за Матео Дамијан, кој е пред трансфер во Јувентис, односно да биде алтернатива за Антонио Валенсија.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед паралелно работи и на трансферите на Фред од Шахтјор и Тоби Алдервајлед од Тотенхем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…