
Играчот за врска на Салцбург, Доминик Собослај е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во моментов.
20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, како Милан, Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен.
Последните информации од Германија говорат дека Лајпциг е во пол-позиција за неговиот потпис. Двата клуба имаат ист спонзор „Ред Бул“ и наводно веќе го договориле трансферот за јануари.
Собослај наводно веќе дал согласност за трансферот и во 1-ви јануари ќе стави потпис на договорот, а Лајпциг ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 25 милиони евра.