Дома Останати Тенис Готово: Надал се враќа, познато и кога!

Готово: Надал се враќа, познато и кога!

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рафаел Надал ќе игра на грен слем турнирот „Австралија опен“.

Шпанскиот тенисер Надал пред неколку недели доби зелено светло од докторот да почне нормално да тренира, иако лично не кажа кога точно ќе почне да игра. Во меѓувреме, неколку пати се огласи директорот на „Австралија опен“, Крег Тајли, кој рече дека верува дека Надал ќе игра на турнирот што го освои минатата година.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Сега шпанското радио „Кадена СЕР“ информира дека поранешниот број еден ќе отпатува за Австралија веднаш по Божиќ на 25 декември, каде ќе ги продолжи подготовките. Додаваат дека таму ќе одигра и подготвителен турнир.

Исто така, шпанското радио вели дека Надал наскоро ќе отпатува за Кувајт, каде има филијала на својата академија и каде ќе ги продолжи подготовките за враќање на терените. Потоа, накратко ќе се врати во Мајорка, од каде ќе замине за Австралија.

Во меѓувреме, Надал доживеа голем пад на АТП листата, моментно е дури на 663 место. Шпанецот во кариерата има 22 грен слем титули, додека српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до 24 со три освоени грен слем титули во штотуку завршената сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ номиниран за уште едно престижно признание – брка рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ е номиниран е за наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот. Најдобр…