Дома Трансфер зона Готово: Модриќ донел одлука!

Готово: Модриќ донел одлука!

Легендарниот хрватски фудбалер Лука Модриќ одлучил кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот весник „Марка“.

Најдобриот светски фудбалер во 2018 година со години со голем успех настапува за Реал со кој освои дури пет титули во Лигата на шампионите, а на 1-ви јуни ќе игра во новото финале во елитното европско натпреварување против Борусија Дортмунд.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Модриќ имаше средба со претседателот на Мадрид, Флорентино Перез, по што беше одлучено 38-годишниот фудбалер и следната сезона да продолжи да настапува за најуспешниот клуб во Европа.

Хрватот дојде во Реал во 2012 година од Тотенхем и стана еден од најдобрите играчи од средниот ред на сите времиња во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила за 45 милиони договори одлично засилување

Јан Матсен е нов фудбалер на Астон Вила. Левоногиот фудбалер ги договорил сите услови со к…