Дома Фудбал ГОТОВО: Илкај Гундоган се договори со новиот клуб!

ГОТОВО: Илкај Гундоган се договори со новиот клуб!

Германскиот репрезентативец Илкај Гундоган донесе одлука за продолжување на кариерата и денеска потпиша договор со Барселона со што ги реши сите дилеми каде ќе настапува од следната сезона.

Гундоган брилјираше на крајот од сезоната во дресот на Манчестер Сити и секако е еден од најзаслужните за тројната круна која на крајот успеа да ја освои клубот од Етихад.

Градските власти се обидоа со сите сили да го убедат Гундоган да остане и да го продолжи договорот, но не успеаја.

Тој одби нов договор и рече дека е време за нови предизвици и да се испроба во друг клуб.

Најголем интерес од почетокот покажа Барселона и се чини дека веќе нема дилеми дека Гундоган ќе потпише за каталонскиот клуб.

Фабрицио Романо објави дека Гундоган денеска потпишал двегодишен договор со опција за продолжување на соработката со Барселона на уште една година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…