Дома Фудбал Готово е со Чави: Барселона има двајца кандидати за негов наследник

Готово е со Чави: Барселона има двајца кандидати за негов наследник

Иако претходно го убедуваше да остане, последните случувања ги промениле работата и Лапорта одлучил да му даде отказ на Чави.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Чави го налутил раководството со последната изјава за финансиската состојба во клубот по мечот со Алмерија.

Денес се пренесува дека каталонскиот гигант има двајца кандидати за нов тренер. Како главен фаворит се истакнува Рафа Маркез кој работи со Б-тимот на Барселона.

Ситуацијата на Маркез е слична како и на онаа со Пеп Гвардиола и Луис Енрике кои исто така од вториот тим беа прекомандувани на чело на првиот и забележаа големи успеси.

На Маркез му се предвидува голема тренерска иднина, а шансите Барселона да се реши за таков потег се големи. Како втора опција се споменува екс-тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фановите на Барса го освиркуваа Кукуреја

Поддржувачи на Барселона го изразија својот гнев кон Марк Кукуреја за време на натпреварот…