Дома Македонски спорт Мак фудбал Гостивар за хаосот против Воска: Нашите навивачи не се хулигани или продадени души!

Гостивар за хаосот против Воска: Нашите навивачи не се хулигани или продадени души!

Викендов фудбалскиот клуб Гостивар беше на удар на македонската фудбалска јавност поради големиот инцидент кој се случи во натпреварот против Воска.


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



На натпреварот одигран во Гостивар видовме физичка пресметка помеѓу навивачите на двата клуба. Навивачите на Гостивар беа обвиенти дека тие ја предизвикале тепачката, меѓутоа од Гостивар порачаа дека првите провокации дошле од гостинските навивачи.

Клубот покрај фотографиите објави и соопштение кое ви го пренесуваме:

1. Како фудбалска екипа, ние сме најчистата и најтранспарентна екипа која се бори само на теренот. Самите ги пренесуваме сопствените натпревари и на стадионот во изградба со десетици камери ги контролираме нашите трибини.

2. НАШИТЕ ФАНОВИ НЕ СЕ ХУЛИГАНИ! Или продадени души! Додека ние треба да бидеме „ДОБАР ПРИМЕР“ за нашата убава фудбалска младина, провокаторите на нашите млади луѓе треба да се срамат самите од себе.

3. Како Фудбалски клуб Гостивар, со нашите менаџери, техничкиот тим, фудбалерите, навивачите и жителите на Гостивар ние сме семејстсво. Работите меѓу нас само нас нè засегаат.

За време на натпреварот Гостивар – Воска на 17.09.2022 година се случија непожелни и немили настани на трибините, па дури и на теренот како последица на тоа. Жал ни е за непожелни настани. Само ПРОВОКАТОРИТЕ ги посакуваа овие немили настани кои не би ги посакал ниту еден вистински фудбалски фан.

Како фудбалски клуб Гостивар, свесни сме за нашите обврски на натпреварите на кои сме домаќини. Наша должност е да бидеме домаќини на гостинскиот тим на најдобар можен начин и да ја гарантираме нивната безбедност.

Провокаторите без да се претстават, без да имаат било какви барања од нас, а по нивна одлука тие седнаа среде стотици наши навивачи. Спрема сето ова до тука немаше никакви проблеми. Бидејќи сме тим со добра фудбалска култура и немаме култура на провокација, не можевме да ја забележиме оваа провокациска замка.

Натпреварот започна на пријателски начин. Сè додека не започнаа провокациите. Настаните кои започнаа со првата провокација без да ескалираат беа спречени од разумното однесување на обезбедувањето и гостиварските навивачи. Меѓутоа, злонамерните провокатори не го послушале обезбедувањето.

Тие одбија да бидат преместени и да биде гарантирана нивната безбедност. Во текот на целиот натпревар како да се обидуваа да го тестираат трпението на сите наши навивачи, продолжија провокациите среде нашите навивачи со пцовки наоколу. Во фудбалот постојат и победа и пораз! На Воска во наредните натпревари им посакуваме само успех на нивните напори во фудбалскиот терен. Со исклучок на провокаторите. Воска ни е пријател.

Зголемувањето на конкуренцијата и квалитетот во лигата во која се наоѓаме нас не задоволува.

Сакаме фер-плеј за сите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Раководството на ФФМ одржа состанок со клубовите од ЖМФЛ: Финснсиска поддршка за сите прволигаши

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Во „Куќа на фудб…