Дома Македонски спорт Мак ракомет Господски потег на Металург: Му посака на Вардар европска круна! (ФОТО)

Господски потег на Металург: Му посака на Вардар европска круна! (ФОТО)

Вардар и Металург важат за големи ривали во македонскиот ракомет без разлика во каква позиција сега се наоѓа тимот од Автомокоманда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Црвено-црните вчера обезбедија пласман на фајнл-фор турнирот во Келн откако во Сегедин загубија со четири гола разлика, победата во Скопје ги однесе помеѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Металург после овој успех на Вардар се огласи на својата Фејсбук страна и својот ривал му посака европски трофеј.

„Уште еднаш му честитаме на македонскиот шампион. Вардар ја преброди кризата од првото полувреме во пеколот на Сегед и успеа да ја сочува предноста од средбата во Скопје. На Вардар му посакуваме успех во Келн и нов пехар во нивната клупска витрина“, гласи Фејсбук статусот на Металург,

Навистина ова е еден господски потег за сите пофалби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…