Дома Македонски спорт Мак ракомет Господа „предвидувачи“ од ЕХФ, се слушаме?

Господа „предвидувачи“ од ЕХФ, се слушаме?

0

Вардар вчера македонската спортска јавност уште еднаш ја направи горда.

„Црвено црните“ на домашен терен со осум разлика 31:23 го победија ПИК Сегед и така си создадоа огромна предност пред реваншот на гостински терен. Јасно е дека разликата од осум голови е голема предност за Вардар, па поради тоа тие се на чекор од влез на фајнл-форот.

Меѓутоа, се сеќавате ли како ЕХФ го рангираше Вардар пред почетокот на сезоната?

Црвено-црните минатото лето го напуштија играчи како Штербик, Циндриќ Абутовиќ, Марсениќ, Македа, Кањелас, а си и тренерот Раул Гозналез кој го превзема Пари Сен Жермен. Поради таквите промени во спортската јавност владееше скептицизам кога во прашање е успехот на Вардар оваа сезона.

Ниту експертите на ЕХФ не предвидоа, всушност не само што не предвидоа туку направија грешка голема како Шар Планина.

Поради споменатите промени ЕХФ не го вброи Вардар ниту во топ 10 фавороти за ЛШ!

Драги експерти и „предвидувачи“ од ЕХФ со задоволство ќе ве прашаме – каде е сега Вардар?

Рангирањето на ЕХФ пред почетокот на сезоната изгледаше вака:

1.Монпелје

2.Рајн Некар Левен

3.ПСЖ

4.Фленсбург

5.Барселона

6.Мешков Брест

7.Нант

8.ПИК Сегед

9.Веспрем

10.Киелце

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Зидан ја шокираше фудбалската јавност со изјавата после поразот од Бетис!

Фудбалерите на Реал Мадрид загубија од Бетис (0:2) на „Сантиаго Бернабеу“ и со пораз ја за…