Вечерашната Куп средба помеѓу Ханза и Херта требаше да биде вистински спектакл, но натпреварот беше прекинат во 77. минута по инцидентот на трибините.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дури 25 минути траеше смирувањето на ситуацијата во Рошток, но мечот на крајот сепак беше финализиран.
Гостинските навивачи запалија бакли и пиротехника, изби и пожар на трибините, а домашните хулигани, познати по лошата репутација се насочија кон нив.
Главниот судија одлучи да ги испрати играчите на обата тима во соблекувалните при резултат 0:0, за да по паузата ги врати на теренот да го завршат последниот меч од првата рунда во рамки на Купот на Германија.
На Херта паузата очигледно и годеше, па по погодоците на Вајзер и Ибишевиќ обезбеди пласман во следната рунда од Купот.