Дома Останати Гонзалес: Кристијанштад е млад и одличен тим

Гонзалес: Кристијанштад е млад и одличен тим

Тимот на Вардар овој викенд го очекува натпревар во рамките од Лигата на шампионите и тоа на гостински терен против претставникот од Шведска, Кристијанштад.

До овој момент шведскиот тим нема ниту една победа во нашата група и од пет средби забележаа четири порази и едно реми. Покрај тоа европскиот шампион против овој тим има одличен биланс.

Вардар против Кристијанштад одигра четири натпревари и во сите натпревари забележи победа. Сепак, Раул Гонзалес истакна дека во никој случај не смеат да го потценат противникот.

„Кристијанштад е млад и одличен тим тие со секој натпревар собираат искуство. Ова е Лига на шампиони, тука нема лесни и тешки противници. Максимално сме мотивирани да одиграме најдобро што можеме бидејќи знаеме дека се зависи од нас“, изјави тренерот на црвено- црните, Раул Гонзалес.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…