Дома Фудбал Гол на Ибрахимовиќ во негов стил: Мајсторски прием на гради и волеј удар (ВИДЕО)

Гол на Ибрахимовиќ во негов стил: Мајсторски прием на гради и волеј удар (ВИДЕО)

После одработената суспензија од два натпревари поради картони Ибрахимовиќ како вистински капитен го предводеше својот тим забележувајќи гол и асистенција.

Ла Галакси поведе во 55-тата минута, а стрелец беше Фавио Алварез после одличната асистенција на Швеѓанецот.

Пред самиот крај на натпреварот, во 86-тата минута Златан и самиот се запиша во листата на стрелци со еден одличен гол со волеј удар откако претходно мајсторски ја прими топката на гради.

Ова за Ибрахимовиќ беше 10-ти гол оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …