Дома Фудбал Англија Голот на Вулвс против Ливерпул бил поништен затоа што ВАР немал камера 🎥

Голот на Вулвс против Ливерпул бил поништен затоа што ВАР немал камера 🎥


Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Ливерпул вчера успеа да дојде до реми откако на Вулвс им беше поништен чист погодок и досуден офсајд, иако тешко може да се заклучи каде судиите го гледаат офсајдот.

Линискиот судија го крена знаменцето за офсајд кога Вулвс погодија за 3:2. Но, на снимките не може да се види каде е офсајдот.

Информациите кои подоцна се појавуваа се дека ВАР судиите немале камера која можела да повтрди дали Матеус Нуњеш е во недозволена позиција и затоа се почитувала одлуката на судијата на теренот.

Тренерот на Вулвс, Јулиен Лопетеги по натпреварот тврдеше дека немало офсајд.

„Некој му кажал дека е офсајд. Но ги видовме снимките, немаше офсајд. Одлуката е погрешна. Јас правам грешки секој ден и понекогаш прават и тие. Денес имаме помош од ВАР и не може ова да се случува, жал ми е, но ова не е офсајд“, изјави Лопетеги.

Свесен дека ситуацијата е спорна беше и Јирген Клоп.

„Не можам  со сигурност да кажам дали одлуката беше исправна. Ние видовме една слика и изгледаше како да е офсајд, но ги разбирам и зошто се лути. Не сакаме ВАР да има само еден агол“, објасни Клоп.

Според правилата во ФА Куп бидејќи одиграа реми Ливерпул и Вулвс ги чека повторен натпревар. Еден навивач од трибините ја снимил и целата акција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гундоган се сели во Серија А

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓ Капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган …