Дома Фудбал Останато Голманот на Копенхаген постави рекорд против Манчестер Јунајтед

Голманот на Копенхаген постави рекорд против Манчестер Јунајтед

Најдобар поединец во вчерашниот натпревар помеѓу Манчестер Јунајтед и Копенхаген дефинитивно беше голманот на данскиот тим, Карл Јохан Хонсон.

Јонсон во овој натпревар успеа да собере неверојатни 13 одбрани и така стана првиот голман на кој му успеало такво нешто во Лигата на Европа.

Посебно за издвојување е одбраната по ударот на Марсијал кога спречи сигурен гол. Покрај таа одбрана забележа повеќе одлични интервенции со кои ги спречуваше играчите на Јунајтед.

Воодушевен од настапот на Јонсон беше и Ван Перси.

„Имаше неколку одлични интервенции. Тој се фрлаше на сите страни, беше навистина неверојатен. Одбраната по ударот на Марсијал со една рака изгледаше чудесно. Сигурно ова беше неговиот најдобар натпревар во кариерата“, изјави Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Рома службено го загуби мечот со Верона

Италијанската фудбалска федерација денес донесе одлука мечот од првото коло од Серија А по…