Јапонците иако имаа свои шанси денес во неизвесен натпревар запишаа пораз од Исланд со 25:21.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Оваа победа на Исланд значи дека освен ако не направиме чудо вечерва против Шпанија, утре единствено победа ќе не води во следната фаза.
Чуварот на мрежата на Исланд, Пол Берген Густавсон против Јапонија имаше неколку одлични интервенции, но свесен е дека против Македонија утре ќе ги очекува потешка задача.
„Против Македонија сме одиграле повеќе натпревари овие години и навистина добро се познаваме. Ние се плашиме од нив, но и Македонците се плашат од нас. Таквата ситуација е доказ дека и двете репрезентации се силни. Мораме добро да се подготвиме бидејќи ќе играме против играч од светска класа каков што е Кире Лазаров“, прокоментира Густавсон.
Македонија и Исланд натпреварот го играат утре од 18:00 часот.