Дома Фудбал Голем триумф за Севиља во Мадрид, Валенсија славеше преку пресврт над Алавеш

Голем триумф за Севиља во Мадрид, Валенсија славеше преку пресврт над Алавеш

Дербито помеѓу Атлетико и Севиља не понуди многу во првите 70 минути од мечот, но потоа настана вистинска драма.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домашниот тим успеа да поведе во 73. минута кога мрежата на гостите ја затресе Диего Коста.

Но, само седум минути подоцна, Севиља изедначи со автоголот на Моје, а во самиот финиш екипата на Монтела стигна до пресврт преку Коре.

Фантастичен меч на Местаља, вечерва одиграа и Валенсија и Депортиво Алавеш, а домашниот тим преку пресврт стигна до триумф ос 2:1. Гостите поведоа преку Собрин во 66. минута, но домашните за само девет минути направија пресврт.

Прво во 73. минута, на 1:1 изедначи Гуедеш, додека пресврт донесе Родриго девет минути подоцна што беше и конечниот резултат на мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…