Дома Фудбал Голем пресврт во истрагата: Тројца Грци биле најодговорни за хаосот во Атина!

Голем пресврт во истрагата: Тројца Грци биле најодговорни за хаосот во Атина!

Во тек е истрагата за нередите во Атина во кои во Атина животот го загуби 29-годишниот Михалис, навивач на АЕК. Грчката полиција уапси 104 лица поврзани со инцидентите, а од нив 97 се хрватски државјани.

Сите уапсени се обвинети за четири кривични дела и седум прекршочни. Во исчекување на казните според последните информации до кои дојдоа грчките медиуми, наводно тројца Грци биле главните виновници.

„Тројката го водеше хрватскиот конвој до стадионот на ЕК и им ги покажуваше пристапните патишта за што помалку да бидат забележани и да дојдат до теренот на жолто-црните“, изјавил извори од обвинителството за грчките медиуми.

Станувало збор за 26-годишник и 27-годишник од Маруси како и 22-годишник со албанско потекло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аканџи предвреме се враќа во Интер, Швајцарија без него против Шкотска

Мускулен замор го оддалечи Мануел Аканџи од репрезентативниот собир, но засега не се очеку…