Дома Фудбал Големо признание: Двата бека во тимот на деценијата на Ријека се Македонци! (ФОТО)

Големо признание: Двата бека во тимот на деценијата на Ријека се Македонци! (ФОТО)

Навивачите на Хрватска ФК Ријека имаа прилика да гласаат за тимот на деценијата (2010-2020) и во тој тим се најдоа двајца македонски репрезентативци.

Двете бековски позиции во Ријека им припаднаа на Македонци, на левата страна е Ленард Жута, додека на другата страна заменик капитенот од ререзентацијата Стефан Ристовски. Во тимот најголем дел се играчите од генерацијата со која Ријека во 2017 ја освои титулата во Хрватска, од тој тим дел беа и Ристовски и Жута.

Тогаш Ристовси направи трансфер во Португалија во Спортинг, а Жута остана уште една сезона, тој дојде во 2015, а замина во 2018 во Коњаспор. На 139 натпревари Жута постигна два гола, додека Ристовски одигра 86 натпревари, постигна два гола и запиша 16 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмеирас повторно на врвот: Соса ја донесе четвртата круна во Либертадорес!

Со победа од 1-0 над Естудијантес, Палмеирас ја освои четвртата Копа Либертадорес во клупс…