Дома Фудбал Италија Големи имиња ќе ја водат битката за селекторската позиција во Италија?!

Големи имиња ќе ја водат битката за селекторската позиција во Италија?!

Џампијеро Вентура доби отказ од селекторската позиција во италијанската репрезентација, откако селекцијата не успеа да обезбеди пласман на СП во Русија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Името на неговиот наследник би требало наскоро да биде познато, а за тоа место ќе се борат четири легенди на италијанскиот фудбал кои важат за најдобри стратези на светот.

Кандидатите за празното место се Антонио Конте, Карло Анчелоти, Клаудио Раниери и Роберто Манчини, но челниците на фудбалскиот сојуз тешко им одат преговорите со кандидатите.

„Тоа се имињата со кои ќе разговараме. Никој не е во предност. Манчини е во Рим, но не сме зборувале се уште, Конте би сакал повторно да ја води репрезентацијата, Анчелоти е неодлучен, а и Раниери е тука. Ќе разговараме со кандидатите“, истакна комесарот на ФС Италија, Роберто Фабричини.

Ќе биде секако многу интересно да се види кој ќе ја добие битката за нов селектор, но сигурно е дека пред Италија е тешка задача.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се појави снимка: Ова е новата девојка на Јамал (Видео)

Ламин Јамал повторно се појавува на насловните страници на шпанските медиуми, но овој пат …