Дома Топ вести Големиот Шевченко во нова улога – стана политичар!

Големиот Шевченко во нова улога – стана политичар!

Легендарниот напаѓач Андреј Шевченко кој беше и тренер на Украина влезе во политиката и во иднина ќе биде помошник на претседателот на државата, Володимир Зеленски.

Шевченко имаше голема кариера како фудбалер, блескаше во Динамо Киев и Милан, а откако ја заврши кариерата беше и селектор. Од кабинетот на првиот човек на Украина потврдија дека екс-голгетерот ќе има советничка функција, но повеќе детали не се откриваат.

По завршувањето на кариерата, Шевченко беше и селектор и ја водеше Украина токму во натпреварот против Македонија на Европското првенство на кое стигнаа до четвртфиналето.

Во овој момент селектор на Украина е Сергеј Ребров кој ќе ги води Украинците во нов натпревар против нас на 14. октомври во Прага.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус донесе бразилски голман на 37 години

Бразилскиот фудбалски голман Норберто Нето потпиша договор со Јувентус до крајот на актуел…