Дома Фудбал Останато Големиот соиграч на Пандев од историската сезона на Интер кажа крај

Големиот соиграч на Пандев од историската сезона на Интер кажа крај

0

Завршена е една голема кариера.

Уште една долга и богата кариера е завршена. Камерунската легенда Самуел Ето, еден од најдобрите афрички играчки на сите времиња одлучи да стави точка и да ја заврши со професионалното играње на фудбал на 38 години.

Иако во поодминати години Ето во својот последен клуб покажа дека се уште може да игра добар фудбал. Ги тресеше мрежите во Катар, а иако во февруари изјави дека сака да игра уште една година после шест месеци го промени мислењето.

„Крај. Ќе се насочам кон нови предизвици. Ви благодарам на сите и многу ве сакам“, напиша Ето на Инстаграм.

Невобичаено тоа го направи со кратка порака без патетика и километарско писмо. Како да напишал нешто секојдневно, а не како да завршува така голема кариера.

Четири пати беше најдобар играч на Афрка, два пати беше шампион на Купот на Африка, освојувач е на златен медал од Сиднеј во 2000 година. Осум трофеи освои со Барселона, вклучувајќи и две титули во Лигата на шампионите, шест со Интер…Освои се што можеше да се освои. Има трофеј и со Мајорка.

Играше Ето и за Реал Мадрид во младинските денови, а потоа се редеа клубови: Челзи, Анжи, Евертон, Сампдорија, Анталија…За репрезентацијата на Камерун одигра 118 натпревари и постигна 56 голови.

Ето беше и соиграч на Горан Пандев кога Интер одигра историска сезона и освои триплета (Копа Италија, Серија А, Лига на шампиони).

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

За прв пат оваа сезона: Јувентус утре без Роналдо

Проблем за Јувентус, но и разочарување за навивачите на Бреша. За прв оваа сезона Јувентус…