Дома Фудбал Англија Голема трансфер понуда на адреса на премиерлигашот: Венгер сериозно загриза по вторпат?!

Голема трансфер понуда на адреса на премиерлигашот: Венгер сериозно загриза по вторпат?!

Лисиците под водство на Клаудио Раниери направија чуда и на крајот беа наградени со шампионска титула, а Марез стана еден од најбарените фудбалери во Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Понудите пристигнуваа од сите страни. Го бараше Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ и Арсенал, но тој се одлучи за Лестер.

Изминатата сезона не понуди партии какви што се очекуваа од него, но повторно сега е оној стариот. Игра навистина одлично и тоа во јануари би можело да му донесе голем трансфер.

Арсенал го обнови интересот за 26-годишниот Алжирец. Арсен Венгер сака да го донесе во своите редови, а неговото пристигнување значи веројатно заминување на некои од ѕвездите на тимот. На излезни врати се Алексис Санчез и Месјут Озил.

Понудата на „Топчиите“ наскоро ќе биде на адреса на Лестер. Постои голема можност Марез да го облече дресот на тимот од „Емирати“ иако му останаа уште две и пол години од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал го растури Манчестер Сити на дебито на Маеска и го освои првиот трофеј

Арсенал целосно го надигра Манчестер Сити и го победи со 3:0 во борбата за “Комјунити Шилд…