Дома Топ вести Голема трампа на релација „Олд Трафорд“ – „Сантијаго Бернабеу“: Двата клуба ПРЕЗАДОВОЛНИ!

Голема трампа на релација „Олд Трафорд“ – „Сантијаго Бернабеу“: Двата клуба ПРЕЗАДОВОЛНИ!

Како што пишува шпанскиот „Diario Gol“, во текот на летниот трансфер период би можело да се случи голема трампа помеѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, а вклучува доаѓање на Герет Бејл на „Олд Трафорд“, додека во спротивна насока би требало да пристигне одличниот Де Геа.

Шпанскиот голман беше на чекор до Реал во 2015. година, но до трансфер не дојде, поради доцнење на документацијата. Од другата страна, Бејл од доаѓањето во Мадрид повеќе време поминува кај докторите, отколку на теренот и поради тоа сака да се врати на Островот, но повеќе преферира ново „дружење“ со Мурињо, отколку враќање во Тотенхем.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Самиот португалски тренер е заинтересиран за Велшанецот, бидејќи верува дека би можел да се врати во форма на „Олд Трафорд“, а не е тајна дека Де Геа би сакал да се врати во татковината. Останува да видиме дали и како ќе заврши оваа приказна, меѓутоа не треба да се исклучи, бидејќи Јунајтед во размена со Арсенал неодамна го доби Алексис Санчез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …