Дома Останати Кошарка НБА Голема размена во НБА: Донован Мичел има нов клуб

Голема размена во НБА: Донован Мичел има нов клуб

Кливленд и Јута вечерва направија голема размена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нов играч на Кливленд е феноменалниот бек Донован Мичел, а кон Солт Лејк Сити ќе тргнат дури три кошаркари и три пика од првата рунда на драфтот. Џез така за Мичел ги доби Колин Секстон, Лаури Марканен и Очаи Агбаи.

Со оваа размена заврши една ера во Јута. Мичел комплетната досегашна кариера ја помина во Јута. Во НБА лигата пристигна во 2017 година и стана една од најголемите ѕвезди. Сепак во текот на минатата сезона беше забележително незадоволството.

Не се сложуваше соГоберт, а се започна во текот на пандемијата кога Гоберт беше на жесток удар на јавноста.

Овој 25-годишен бек во НБА кариерта во просек имаше 24 поени по натпревар, а минатата сезона беше ја одигра со просек од скоро 26 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…