Дома Фудбал Германците ригорозни: Дури и селекторот нема да може да гледа натпревари во живо

Германците ригорозни: Дури и селекторот нема да може да гледа натпревари во живо

Натпреварите од Бундеслигата продолжуваат овој викенд, но ќе се играат под строго определен протокол и без публика.

Протоколот е многу ригорозен, а Германците се прецизни, па нема да му дозволат ниту на селекторот Јоаким Лев во живо да ги гледа натпреварите од Бундеслигата.

Протоколите се јасни, на стадионите ќе можат да бидат само играчите, тренерите, медицинскиот персонал и дел од луѓето што ќе бидат логистика за да се одиграат мечевите од преостанатите 9 кола во Бундеслигата и во популарната Цвајта.

Секако, ќе има место и за ТВ-екипите кои ќе бидат задолжени за преносите, а се очекува Бундеслигата да направи „бум“ и да ја гледаат повеќе од милијарда луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ајакс со шест гола го растури Митјиланд, Арокодаре блесна со два погодока и асистенција

Ајакс победи со 6-1 на гостувањето кај Митјиланд во Конференциската лига. По 1-1 на полувр…