Дома Фудбал Германските медиуми: Поминавме, но никој не знае како!

Германските медиуми: Поминавме, но никој не знае како!

Германската репрезентација се пласираше во топ 16 фазата на Европското првенство после една драма во последното коло во групата Ф. Германија помина како второпласирана и во осминафиналето ќе игра против Англија на „Вембли“.

Медиумите во Германија предупредуваат дека играта на националниот тим мора да се подигне на повисоко ниво во нокаут фазата. Тие се свесни дека во последен момент се спасија од елиминација во груоната фаза.

„Билд“ наведува дека среќни се што поминаа, но никој не знае како, реми со Унгарија секако за нив е разочарувачки резултат. Се додава дека играта на Германија безидејна и дека тимот на Лев изгледал како просечна репрезентација, нешто често им се случуваше во последните три години.

За најголем дел од германските медиуми поради актуелната форма на нивната репрезентација Англија е фаворит во дуелот на „Вембли“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез со проектил ја крена Венеција од дното, Занети тргна со пораз во Удинезе

Венеција славеше со 2-1 во дуелот за бегство од последното место, а Кике Перез го реши меч…