Дома Останати Германија ја потврди доминацијата во нордиска комбинација

Германија ја потврди доминацијата во нордиска комбинација

Светскиот шампион Германија го освои олимпиското злато во тимската трка во нордиска комбинација. Винценц Гајгер, Фабијан Рисле, Ерик Френцел и Јоханес Ридзек завршија за 46:09.8 минути по ски-скокови на голема скокалница и 4 по 5 километри крос-кантри скијање.

Бундестимот беше апсолутен фаворит откако Ридзек, Рисле и Френцел освоија прво, второ и трето место во индивидуалната трка од големата скокалница во Пјонгчанг, а Френцел ја зеде индивидуалната титула од малата скокалница.

На второто место со 52,7 секунди заврши олимпискиот првак од Сочи 2014 Норвешка, а бронзата со заостанување од 1:07.8 минута ја заслужија Австријците, како и на Игрите пред четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…