Дома Фудбал Германија одби да игра во квалификациите за ЕУРО 2024

Германија одби да игра во квалификациите за ЕУРО 2024

Германската фудбалска репрезентација најверојатно нема да учествува во квалификациите за ЕВРО 2024 година.

Германците нема да изберат опција да бидат вклучени во една од групите во текот на квалификациите и да бидат таканаречена „гостинска“ репрезентација.

Така, Германија нема да го искористи правото за настап во една од квалификациските групи и покрај тоа што веќе го обезбеди своето место на завршниот турнир како организатор.

На пример, Франција го искористи тоа право за Европското првенство во 2016 година, исто како и Катар за Светското првенство во 2022 година.

Селекторот Ханси Флик сака сам да избере против кого ќе се подготвува репрезентацијата.

Ждрепката за квалификациите за Европското првенство е закажана за 9 октомври во Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…