Дома Фудбал Англија Гери Невил го прогнозираше распоредот на топ 4 во Премиер лигата

Гери Невил го прогнозираше распоредот на топ 4 во Премиер лигата

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил прогнозира дека неговиот клуб ќе направи исчекор во однос на претходната сезона и ќе го освои второто место, додека според него шампион ќе биде Манчестер Сити.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Полека се загрева атмосферата помеѓу навивачите пред првото коло во Премиер лигата. Новата сезона започнуваза десетина дена, а првото коло на програмата е на 12-ти септември.

Гери Невил, долгогодишниот десен бек и капитен на „црвените ѓаволи“ верува дека тимот од „Олд Трафорд“ ќе продолжи да напредува, меѓутоа за него се уште не се спремни за титула. За Невил титулата ќе ја освои Манчестер Сити.

„Мојот редослед за топ 4 за новата сезона е следниот: Манчестер Сити, Манчестер Јунајте, Ливерпул и Челзи“, прогнозираше Невил.

Секако него најмногу го интересира Манчестер Јунајтед кој овие денови се засили со Дони Ван Де Бек.

„Мислам дека освојувањето на третото место минатата сезона беше голема работа за Солскјер. Напредокот можеше да се забележи. Сега тие би требало да ги раздвојат Сити и Ливерпул и да бидат поблиску до титулата. Генерално, ако се доближат до нив и освојат некој трофеј од куповите, сезоната би била прифатлива. Навивачите сакаат да видат напредок и Манчестер Јунајтед мора да го продолжи својот прогрес“, потенцираше поранешниот репрезентативец на Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

На чекор до првиот трофеј! Роналдо во финишот на магичната сезона во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо е многу блиску до остварување на својот прв официјален трофеј откако пр…