Дома Фудбал Георгина: Кога Роналдо не е дома сите можеме убаво да се најадеме

Георгина: Кога Роналдо не е дома сите можеме убаво да се најадеме

Георгина Родригез даде интервју за англискиот таблоид „Сан“ во кое разговараше на различни теми.

Роналдо е познат како голем фанатик на здрави навики, здрава исхрана и вежбање. Токму поради тоа и на 35 години се одржува на највисоко ниво.

Пред некое време Роналдо даде изјава во која порача дека го нервира кога неговиот син јаде чипс и пие Кока Кола.

„Понекогаш пие Кока Кола и јаде чипс и тоа многу ме нервира и тој тоа добро го знае“, гласеше изјавата на Роналдо.
Георгина сега оваа негова изјава ја потврди.

„Кога него го нема си дозволуваме некои работи кои тој не сака да ги конзумира. Понекогаш и Кристиано јаде пица, но само едно парче. После тоа прави стомачни. Сакам да го изненадам со она што му се допаѓа, но можам да кажам дека кога него го нема сите можеме убаво да се најадеме“, изјави Георгина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…