Дома Останати Ракомет Георгиевски: Скапо ги плативме грешките во последните 10 минути

Георгиевски: Скапо ги плативме грешките во последните 10 минути

Вардар денес беше поразен од ПИК Сегед со 26:28.

По натпреварот на прес-конференцијата за медиумите зборуваше Гоце Георгиевски. Вардар беше одличен, но попушти во последните десетина минути.

„Честитки до ПИК Сегед. Ова беше еден тежок натпревар. Бевме добри, посебно во првиот дел. Одбраната и нападот функционираа добро. Во вториот дел противникот беа подобри, а во последните 10 минути ние промашивме неколку шутеви и ја изгубивме концентрацијата, така им овзможивме да дојдат до победата. Таков е спортот, не чека нов натпревар за неколку дена и веруваме дека ќе победиме“, изјави Георгиевски.

Вардар одигра седум натпревари во Лигата на шампионите, а ова беше петти пораз за црвено-црните. На 18 февруари Вардар ќе игра против ПИК Сегед на гости во Унгарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Шпанија во драматичен натпревар ја победи Германија во дербито на ОИ

Германија и Шпанија одиграа одличен натпревар на ракометниот турнир во Токио, а на крајот …