Дома Македонски спорт Мак ракомет Георгиевски: Одиме да се надигруваме, нема да излеземе со бело знаме

Георгиевски: Одиме да се надигруваме, нема да излеземе со бело знаме

Пред Вардар во Лигата на шампионите се два натпревари против ПИК Сегед.

Во натпреварот со Сегед Вардар влегува со три порази во низа од Алборг, Монпеље и Кил. Гоце Георгиевски во најавата за овој натпревар посочи дека Вардар го чека тежок меч со добро познат противник.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не чека тежок и добро познат противник. И минатата сезона одигравме два натпревари со нив, двата беа тесни, како што знаеме не победија. И сега мислам дека ќе бидат исти натпреварите, како што кажав тие се квалитетна екипа. Се спремаме за нив, гледаме видео анализи, вчерашниот натпревар со Веспрем беше навистина добар, посебно добри беа во одбраната. Одиме да се надигруваме таму, без бело знаме. Против нас секогаш играат со голем мотив и се надевам ќе не послужи среќата за поволен резултат“, изјави Георгиевски.

Вардар прво му гостува на ПИК Сегед во четврток од 18:45 часот, а седум дена подоцна ќе биде домаќин.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Младите ракометарки ги добија противниците во групите за СП кое ќе се игра во Скопје

Младите ракометарки до 20 години на Македонија денеска ги дознаа своите противнички за Све…