Дома Трансфер зона Гвардиола ја „краде“ големата желба на Ливерпул

Гвардиола ја „краде“ големата желба на Ливерпул

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.

22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Гвардиола е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и на лето да го доведе на „Етихад“.

„Граѓаните“ веќе започнале преговори со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.

Силен интерес за Турам покажува Ливерпул веќе подолго време, но Сити сака да го „украде“ играчот пред носот на големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…