Дома Топ вести Гвардиола ја доби трката: Ѕвездата на ПСЖ станува „граѓанин“

Гвардиола ја доби трката: Ѕвездата на ПСЖ станува „граѓанин“

Англиските медиуми тврдат дека работата е завршена и дека Манчестер Сити ја доби трката за ѕвездата на ПСЖ, Адриен Рабио.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рабио ја игра последната сезона во ПСЖ, одби да го продолжи договорот и следното лето ќе биде слободен играч.

За него интерес покажаа голем број на европски гиганти, но Гвардиола успеа да го убеди да ги избере токму Манчестер Сити.

Сигурно не сте знаеле дека ова за Рабио ќе биде враќање во Сити, бидејќи како дете пристигнал на „Етихад“, но поради носталгија веднаш се вратил во Франција.

23-годишниот плејмејкер од новиот клуб бараше плата од 10 милиони евра по сезона, што „граѓаните“ немаат проблем да му ја дадат.

Силен интерес за Рабио покажуваја уште Барселона и Јувентус, но се чини дека Манчестер Сити ја доби битката за потписот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…