Дома Фудбал Англија Гвардиола: Титулата во Премиер лигата е поважна од ЛШ

Гвардиола: Титулата во Премиер лигата е поважна од ЛШ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека освојување на титулата во премиер лигата е многу поважно од триумф во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ во сабота на „Етихад“ играат против Челзи и со победа ќе ја освојат титулата во Премиер лигата, трета по последните четири години.

Против истиот ривал ќе ги одмерат силите и во финалето на Лигата на шампиони на 29 мај.

„Секогаш сум велел дека титулата во Премиер лигата е најважна. Може за клубот е финансиски подобро да се освои ЛШ, но нема дилема што е најважно. Нормално, трофејот во ЛШ е посебен, убаво е да се освои, но трофејот во Премиер лигата значи континуитет“, изјави Гвардиола, а потоа го пофали ривалот.

„Тие со години наназад се во врвот, се борат за титули во Европа, така што не сум изненаден. Имам голема почит за Томас Тухел. Беше во Мајнц, Дортмунд, ПСЖ и сега е тука. Секогаш ми било уживање да ги гледам неговите тимови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видео: Аргентина тешко ги елиминира Зеленортските Острови, светското првенство остана без уште една сензација

Аргентина ги совлада Зеленортските Острови со 3:2 после неочекувани продолженија во осмина…