Дома Топ вести Гвардиола спреми богата понуда за Германецот кој блесна на ЕУРО

Гвардиола спреми богата понуда за Германецот кој блесна на ЕУРО

Манчестер Сити е силно заинтересиран за левиот бек на Аталанта и германски репрезентативец, Робин Госенс.

Пеп Гвардиола е голем симпатизер на квалитетите на левиот бек и сериозно размислува да го доведе на „Етихад“ ова лето.

Госенс одигра фантастична сезона во дресот на Аталанта, а синоќа блесна и на ЕУРО, па беше прогласен за МВП на мечот против Португалија.

Сити е во потрага по лев бек бидејќи на лето готово сигурно ќе се раздели со Зинченко, а Госенс е на врвот на листата желби.

26-годишниот Германец има договор со клубот од Бергамо до јуни 2022 година.

Поради тоа Аталанта ќе мора да го продава на лето, а Сити внимателно ја следи ситуацијата. Госенс оваа сезона како лев бек постигна 12 гола и запиша 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Во Интер нема место за Видал: „Нероаѕурите“ сакаат да се ослободат од неговата плата

Чилеанецот Артуро Видал не е во плановите на Симоне Инзаги за наредната сезона во која Инт…